Македонската ракометна репрезентација со победата над Чешка се пласираше по осми пат на Светското ракометно првенство што ќе се одржи во Шведска и Полска. Сите оние кои не го гледаа натпреварот од трибините, преку преносот на МРТ не останаа рамнодушни на оној интересен момент кога спортскиот коментатор Југослав Костовски, не издржа, а да не ја запее химната додека нашите ракометари тоа го правеа на теренот во спортскиот центар „Борис Трајковски“.