(Видео) Конечно сум слободна, Бритни се слече среде плажа

(Видео) Конечно сум слободна, Бритни се слече среде плажа

пред 3 години

Откако се ослободи од старателството на нејзиниот татко, Бритни Спирс (40) објави видео од одмор на тропски остров. Таа се сними како ужива на плажа, а во еден момент го соблече и градникот и ги покажа градите.

Видеото за кратко време на стана хит на социјалните мрежи. Фановите ги привлече и типот зад неа кој изгледаше како да ја набљудува. Иако не им беше познат кој е, многу од нив сметаа дека станува збор за лице од нејзиното обезбедување.

„Типот во позадина е врв. Се гледа колку му е незгодно иако се преправа како ништо да не го интересира“, напишаа некои од нив и ја замолија пејачката да се намачка со крема за да не изгоре на сонцето.

Бритни рече дека конечно за првпат во животот може да биде благодарна што нема кој да ја контролира, што нема папараци да ѝ пречат и дека конечно може да биде природна и опуштена.

„Во моментов најважно во мојот живот е да сум прифатена и тоа што сум слободна. Затоа го сакам мојот сопруг со кого ги имам сите најдобри чувства“, рече Бритни.

Пејачката е на одмор со нејзиниот свршеник Сем Асгари.

Share
Scroll to Top