Кристина Димитри сними дует со српскиот рапер и реалити ѕвезда, Гастоз. Песната е насловена „Македонки“ и е на Дарко Димитров, додека спотот е во продукција на Дарко Јовановски.
Пејачката беше гостинка во неколку емисии во Србија, но и во најгледаното шоу на Огнен Амиџиќ, каде заедно со Гастоз ја промовираа нивната песна.
Кристина одговарала на провокативни прашања.
„Што би попрво, дали би била со Гастоз или со Даниел Кајмакоски доживотно?“ – беше прашањето на Огнен.
На што Кристина одговори: „Со Гастоз се разбира“.
„Дали си сигурна?“ – ја праша повторно Огнен.
„Па, да не бев сигурна немаше да се разведам“ – одговори Димитри.
Инаку Кристина Димитри беше во брак со пејачот Даниел Кајмакоски со кој има син. Таа веќе некое време се занимава со музика и има настапи низ нашата земја заедно со Дј Боно. Соработката со Гастоз е нејзина втора песна. Таа мината година заедно со ДЈ Боно настапија на Макфест со песната „Салса“.