(Видео) Малиот Ајдин ја испеа „Ајде сонце зајде“ од великанот на градската, лирска народна песна Кирил Манчевски

(Видео) Малиот Ајдин ја испеа „Ајде сонце зајде“ од великанот на градската, лирска народна песна Кирил Манчевски

пред 1 година

Дванаесетгодишниот Ајдин Осмоановиќ од Босна и Херцеговина кој од неодамна стана миленик на македонската публика со изведбата на „Јано мори“ и „Учи ме мајко карај ме“, сега со професорот и ментор Јасмин Брашњик испеа уште една стара македонска традиционална песна.

Ајдин ја испеа„Ајде сонце зајде“ од еден од великаните на градската, лирска народна песна во Македонија, Кирил Манчевски.

,,Барајќи лирски, елегични македонски народни песни, стигнавме во Крушево. Песната и уникатниот интерпретативен стил на Ајдин не спои со драги луѓе ширум Македонија. Во тие кратки, пријатни разговори попатно добивме препорака јас и Ајдин да ја обработиме оваа прекрасна народна песна на наш начин. Кирил Манчевски е единствен. Гордоста на Македонија со префинет глас, исполнет со емоции кои едноставно ги хипнотизираат слушателите. Слушајќи ја песната сфатив дека златните години на традиционалните македонски песни се во периодот од 1960 до 1985 година. Песната потоа ги опиша сите тие вистински вредности. Тогашните песни ја прикажуваат сета убавина на животот, радоста, тагата, природата, скриената љубов и сите тие позитивни морални принципи. Ги красеше најубавата лирика, широки и богати мелизми, упорни каденци и препознатливи, прецизни мелодиски орнаменти. Во песната јас и Ајдин само ја обликувавме според нашето внатрешно чувство, како што го доживеавме. Обработувајќи ги мелодичните фрази на прекрасното рубато, постоеше она необјасниво чувство кога мелодијата се претопува во тишина. Најискрено се надевам дека нашиот метод на изведба ќе си го најде своето место во срцата на Македонците“, рече професорот Јасмин Брашњиќ.

Share
Scroll to Top