Пејачката Анабела Атијас преживеа драма на настапот во Бар пред два дена кога изби масовна тепачка. Среде настапот на Сава Перовиќ настана хаос, а социјалните мрежи се споделува видео од луѓе како бегаат во паника. Додека летале шишињ, пејачката побрзала да ја заштити ќерка ѝ (10) која прв пат беше со неа на настап.
„Прво го видов стампедото како доаѓа кон мене. Еден куп луѓе врескаа и бегаа. Прво што ми падна на ум е дека првпат ја носам ќерка ми на настап. Долго време сакаше да ме слуша, а досега тоа беше невозможно бидејќи пејам главно во клубови кои работат до доцна“, рече Анабела.
„Страв ми беше да не ѝ се случи нешто. За жал доживеа траума. Помеѓу нас имаше река луѓе кои врескаа и трчаа. Беше многу непријатно. Момците трчаа кон нас, а летаа и шишиња на сите страни. За среќа, никој не е повреден. Ќерка ми беше вознемирена ѝ ми падна жал кога ја прегрнав“, рече Анабела.