Елена Ристеска замина за Мајами, САД, од каде објави и видео од нејзиното пристигнување.
“ Мајами, ништо нема да не раздели од сега“, вели Ристеска.
Не е првпат таа да оди во САД, но се чини дека ова патувње е и со големи планови и подолг престој.
Неодамна американскиот музички продуцент и пејач Артуо Галварезо, беше во Македонија, зарди соработката со Елена, со која се пријатели. Нивната соработка почнала откако Артуро ја забележал на Евросонг во Атина, во 2006 година. Се запознале пред три години и почнаа да снимаат во периодот кога таа беше во Америка.
Елена подолго време нема објавено песна, а беше актуелна по нејзината линија прфеми и козметиката, бизнис со кој почна да се занимава пред две години.