(Видео) „Ме силуваше во кола, па игравме заедно во претстава“-Даниела Штајнфелд во детали раскажа за траумата со Бранислав Лечиќ

пред 4 години

Откако актерката Даниела Штајнфелд во Вишото обвинителство во Белград откри дека Бранислав Лечиќ е моќникот од филмската индустрија кој ја силувал кога имала 21 година, сега во интервју ги раскажа деталите од тоа што ѝ се случило. Скоро девет години по силувањето, таа реши јавно да прозбори за најглемата траума што ја доживеала.

„Ме силуваше мојот колега и драг пријател Бранислав Лечиќ, во мај 2012 година. Викав не, постојано, сè додека можев. Ме одведе со автомобилот на некое место надвор од Белград, не знам ни сега каде бевме. Но ние заедно работевме, одевме на патувања, не можев ни да помислам дека некој што ми е толку близок и во кого имав доверба, може да ме слува. Плачев цело време. Четири дена потоа игравме претстава. Бев во шок. Сакав веднаш да повикам полиција, но размислував што ќе се случи. Мора да ја разберете таа ситуација. Јас и сега не го откривав неговото име затоа што полицијата ми рече дека нема да може да ме заштити“, вели Даниела во интервјуто.

Таа во детали ја опишува и првата средба со Лечиќ, неколку години подоцна, кога го снимала нивниот разговор и го натерала да признае дека ја силувал. Во разговорот тој вели дека треба да ѝ е чест што човек како него се заинтересирал за неа. Сепак, она што ја натерало конечно да го открие неговото име, е случајот со жртвите на учителот по глума Мирослав Алексиќ.

„Откако во јавноста се дозна за тоа што правел во своето школо за глума Алексиќ, Бранислав Лечиќ одлучи да биде голем активист против сексуалните злосторства. Во моментот кога ги покани поранешните ученици од училиштето на Алексиќ да се префрлат во неговото училиште за глума, се прелеа чашата. Сега веќе не е прашање што ќе ми се случи во моментот кога ќе прозборам, туку мојата општествена одговорност“, додава таа.

Актерката тргнала за Америка 40 дена по силувањето, со надеж дека таму ќе заборави сè. Сепак, почнала да има ментални проблеми, а секоја ситница да ја потсетува на тој настан. Престанала да спие, да јаде, во еден момент помислила и на самоубиство.

Лекарите ѝ дијагностицирале посттрауматско стресно нарушување, што е резултат на траумата што ја доживеала.

„Се лекував од посттрауматско стресно нарушување една или две години. Во тоа време, не можев да функционирам нормално како личност, да се чувствувам безбедно. Претежно бев затворена. Ако видев некој што ме потсетуваше на него во која било смисла, имав потешкотии со дишењето и добивав напади на паника“, раскажува Даниела во интервју за „Инсајдер“.

Глумицата позната по улогата на Мариола во филмот „Ивкова слава“ откри дека била силувана во нејзиниот документарец „Излечи ме“, а потоа кажа дека станува збор за моќен човек од филмската индустрија, но го криеше неговото име.

„Твојата енергија е еротска“- и новинарката Христина Стоиљковиќ сексуално вознемирувана од Бранислав Лечиќ ги објави пораките

 

Share
Scroll to Top