Вистински циркуз се случуваше на натпревар во четвртата фудбалска лига во Бразил, меѓу екипите на Санта Круз и АСА. Натпреварот на крајот заврши со 2:1 за победа на Санта Круз, а пред самиот крај еден од гостинските навивачи излезе на теренот за да му покаже на голманот како се брани.
Тој почна да се фрла и да прави голмански паради, а голманот пак не сакаше да му обрне внимание. На крајот мораше да интервенира полицијата, а навивачот заработи неколку минути слава и 1,2 милиони прегледи на „Твитер“.