Тројца оперски пејачи среде Неапол вчера му оддадоа почит на фудбалската легенда Диего Марадона кога се одбележа и двегодишнината од смртта на фудбалерот.
За Аргентинците и Наполитанците, Марадона е Бог. Во градот тој си има свое катче каде што има голем мурал од него. По неговата смрт тоа стана место каде што луѓето му изразуваат почит.
Синоќа се собраа стотици луѓе, а најголеми беа емоциите кога тројца пеачи почнаа песна за Марадона, па останатите продолжија.