Видеата со полнење на батеријата на мобилните телефони со лимон, во последно време стануваат се попопуларни. Во нив се тврди дека кога батеријата ќе ви се испразни, а немате полнач при рака, или приклучок за струја, батеријата можете да ја наполните со лимон.
Точно е дека лимунската киселина делува како електролит за металните електроди кои обично се направени од никел и бакар. Во теорија ова звучи логично, но, дали и во пракса е така?
Меѓу големиот број видеа, има едно во кое авторот тврди дека покрај лимон, потребна ви е и алуминиумска фолија во која прво ќе го завиткате овошјето, а потоа ќе го приклучите на истото.
Сега многумина се прашуваат дали тоа значи дека ако лимонот може да го замени полначот, треба со себе постојано да го носиме.