Најголемиот брод за крстарење во светот, Royal Caribbean Wonder of the Seas, кој има капацитет за 6.988 гости, ги пречека првите патници. Бродот по три години градба е испорачан минатиот месец и своето патување од Флорида до Карибите го почна на 4 март.
Крузерот со должина од 380 метри и 18 палуби е изграден во Франција. Освен речиси 7 илјади гости, тој има капацитет и за 2.300 члена на екипажот.
„Возбудени сме што гостите во светот ќе ги запознаеме со Wonder of the Seas и со неговите карактеристики, кои се светска класа, по шест години долг процес“, изјави за новинарите Марк Тамис, потпретседател на хотелските операции во компанијата Royal Caribbean International.
Бродот првин ќе нуди куси тури, крстарења од пет до седум ноќевања од Флорида до Кариби, а во мај ќе крстари од Барселона и Рим.
Wonder of the Seas има осум целини, од кои една содржи повеќе од 20.000 вистински растенија, но и највисокиот тобоган на море, зиплајн преку 10 палуби, голем базен со базен филмско платно.
„Секогаш се гордеевме дека на гостите им нудиме најдобри и најиновативни бродови за навистина да им овозможиме неверојатно искуство. Ова наше чудо го опфаќа сето тоа“, рекол Тамис.
Бродот требало да биде испорачан во 2021 година, но тоа беше одложено поради пандемијата.