Непроценлива, 2000 години стара римска биста, која била изгубила од Германија по Втората светска војна, на крајот завршила во продавница за евтина роба во Тексас. Ја пронашла Лора Јанг, трговец-уметник од Остин која ја купила за само 35 долари.
Таа ја купила скулптурата уште во 2018 година, а вели дека до неа дошла следејќи го инстиктот.
„Ми делуваше дека е римска и стара. На сонце изгледаше како нешто што би можело да биде нешто посебно“, рече Јанг за медиумите.
Ги контактирала историчарите по уметност од Универзитетот во Тексас, како и претставниците од аукциските куќи и колекционери, со цел да утврди дали станува збор за автентичен примерок.
Се испоставило дека станува збор за римска биста од периодот од крајот на Првиот век пред новата ера и почетокот на првиот век од новата ера.
Бистата била наречена „Портрет на маж“ и е изложена во музејот Сан Антонио, а таму ќе остане и во наредните година дена. Потоа ќе биде вратена во Германија од каде и исчезнала на крајот на Втората светска војна.
Бистата некогаш била лоцирана во градот Ашафенбург во реплика во природна големина на куќа од Помпеја, изградена од Лудвиг I од Баварија, а исчезнала по сојузничкото бомбардирање на градот. Многу е веројатно дека некој американски војник го понел со себе како сувенир.