Новиот бетмобил, кој ќе го вози Мет Ривс во улогата на Бетмен, е сосема поинаков од своите претходници. Единственото заедничко нешто им е системот на млазен погон, кој исфрла пламен, како оној што го возеше Мајкл Китон во филмот на Тим Бартон од 1989 година.
Предниот дел е преземен од Chevrolet Camaro од 60-тите години од минатиот век, а другите елементи се инспирирани од Ford Mustang и Dodge Charger. Фановите имаа можност да го видат во неколкуте сцени од новиот трејлер за Бетмен, кој беше објавен изминатиот период.
Повеќе личи на класична американска лимуѕина со мали модификации и е подготвен за борба против криминалот, коментираат филмските експерти. Покрај трејлерот, фановите имаа можност да го видат новото возило и пред хотелот „Ворнер Брус“ во Абу Даби.
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од него од повеќе агли. Забележителни се широките браници и хауба под која се наоѓаат црвени светла. За жал, нема фотографии од задниот дел, па претпоставката дека моторот се наоѓа таму засега не е потврдена.
За потсетување, премиерата на филмот е закажана за март 2021 година. Главната улога ја има Мет Ривс, кој ќе го толкува ликот на Брус Вејн, кој во младоста го брка серискиот убиец познат под прекарот Прашалникот.