Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски вчера ја промовира новата авторска песна „Универзумот си работи за нас“ со коктел-забава во хотелот „Парк“. За песната е снимен и спот, во кој има многу страст и љубов, а на Камилоски друштво му прави манекенката Бојана Нушкова.
Музиката, текстот и аранжманот се на Александар Тарабунов со кого Камилоски се дружи и за кој вели: „Тара успеа да ја прикаже мојата природа во едно извонредно музичко парче, кое од прва ми залепи на душа“.
Спотот го режира Александар Ристовски-Принц. Камиловски претходно ги промовира неговата втора авторска песна „Љубовна рапсодија“ и видеоспот за неа.