(Видео) По 70 години голема снежна бура ја покри цела Кина

(Видео) По 70 години голема снежна бура ја покри цела Кина

пред 3 години

По 70 години голема снежна бура ја зафати цела Кина. Поради големите врнежи и студот во некои региони во земјата беше отежнат сообраќајот, беа прекинати железничките услуги и имаше прекин со снабдување на електрична енергија.

Сообраќајот во провинцијата Лиаонинг сериозно е пореметен, а повеќето од главните патишта се затворени од вторникот. Затворени се и сите автобуски станици, освен оние во градовите Далиан и Дандонг. Температурите во некои области паднале дури и за 14 степени, пренесува „Ројтерс“.

Метеоролошките служби издадоа предупредување за силни бури во делови од провинцијата во Внатрешна Монголија, Хебеи, Тијенџин, Шандунг, Лијаонинг, Џилин и Хеилунгџијанг.

Во Шенјанг, главниот град во покраината Лијаонинг, властите ги повикаа сопствениците на пазарите и продавниците на прехрамбени производи да ги намалат цените на своите производи и истовремено да ги зголемат своите залихи.

Во регионот исто така се засилени и напорите за да се одржи системот со греење, а властите работат и на зголемување на капацитетот за производство на електрична енергија и увоз на јаглен, јавија државните медиуми.

Голем дел од земјата, вклучитлено и североисточна Кина, трпи прекин во снабдувањето уште од мај, затоа што растечките цени и ограничувањата на испораката на јаглен ја ограничија работата во електраните.

Зоу Цункиао, главниот метеоролог во Метеоролошката опсерваторија на провинцијата Лиаонинг, рече дека овие снежни дождови во западен Лиаонинг, се најголемите од почетокот на евиденцијата во 1951 година.

Максималната висина на снежната покривка од 53 сантиметри е забележана во вторникот во градот Аншан во Лиаонинг.

 

Share
Scroll to Top