На Дарен Џејмс по грешка на сметка му биле уплатени 50 милиjарди долари и за момент станал 25 најбогат човек на светот. Сопругата се шокирала кога му ја видела сметката ѝ рече дека никогаш во животот немала видено толкав број со толку нули.
Џејмс кој е татко на две деца и живее во Луизијана во САД рече дека се шокирал кога видел дека е 10 пати побогат и од шефот на формула 1 тимот „Вирџин“, Ричард Брансон.
„Беше лудо. Се прашував од каде сега ова? Кој ли ќе ни тропне на врата, затоа што не познаваме никој со толкава количина на пари“, рече Џејмс во интервју за FOKS9.
Настанот се случил во јуни 2021 година, а Џејмс ја контактирал својата банка за да ја поправи грешката и му ги врати парите на вистинскиот сопственик.
„Знаевме дека не се наши. Не ги имавме заработено, така што не можевме да направиме ништо со нив“, рече Џејмс, кој како поранешен службеник за спроведување на законот во Одделението за јавна безбедност на Луизијана, а сега агент за недвижности, размислил дека е подобро да ги врати, затоа што задржувањето на толкава сума на пари ќе се смета за кражба.
Кога ја известил банката, тие веднаш почнале да ги враќаат средствата, но никогаш не му откриле од каде дошле, ниту пак како настанала грешката. Откако договорил парите да му се вратат на вистинскиот сопственик, сметката исчезнала за само неколку дена.
Џејмс рече дека ако некогаш се случи да има толкава количина на пари, ќе ги искористи за да им помогне на другите.
„Би ги благословил другите, би им дал надеж да веруваат дека на светот постои и позитивно. Тоа е мојот најголем сон“, рече Џејмс.