(Видео) Полицаец спаси едномесечно бебе, откако непознат маж го фрли од зграда

(Видео) Полицаец спаси едномесечно бебе, откако непознат маж го фрли од зграда

пред 3 години

Полицискиот службеник Едуардо Матуте, од Њу Џерси, спаси едномесечно бебе кое непознат маж го фрлил од балкон. Полицијата во Њу Џерси добила повик дека бебето е во опасност, а кога стигнале на лице место, мажот се заканил дека ќе го фрли од балконот.

Откако не успеале да го одговорат, човекот го фрлил, а полицаецот Едуардо матуте, успеал да го фати, пренесува „Си-ен-ен“. Мажот веднаш бил уапсен и сега е обвинет за обид за убиство, тежок напад и загрозување на безбедноста на детето.

На „Твитер“ налогот на Њу Џерси, објавена е фотографија од детето и полицаецот кој го спасил.

 

 

Share
Scroll to Top