(ВИДЕО) Проданоски: Се рехабилитира патот низ Мажучиште што ги поврзува Прилеп и Долнени

(ВИДЕО) Проданоски: Се рехабилитира патот низ Мажучиште што ги поврзува Прилеп и Долнени

пред 3 часа

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, информира Дејан Проданоски во објава на социјалните мрежи. Зафатот опфаќа делница во должина од околу два километра.

Проданоски посочува дека овој пат има значајна улога во секојдневното движење на граѓаните. Со неговата рехабилитација се подобруваат условите за одвивање на сообраќајот и поврзаноста меѓу населените места во двете општини.

„Вложуваме во инфраструктура што значи подобра поврзаност и поквалитетно секојдневие за граѓаните“, наведува тој.

Во објавата, Проданоски ја нагласува важноста на квалитетната патна мрежа за рамномерниот развој на општината. Според него, инфраструктурните инвестиции треба да бидат насочени кон реалните потреби на жителите и да донесат видливи подобрувања во нивното секојдневие.

„Затоа продолжуваме со инвестиции во проекти што одговараат на реалните потреби на граѓаните и носат конкретни подобрувања на терен“, порачува Проданоски.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Share
Scroll to Top