(Видео) Раперот Ген од Струмица објави нова песна

(Видео) Раперот Ген од Струмица објави нова песна

пред 5 часа

Запознајте го Трајче Гогов – музички познат како Ген, момчето од Струмица кое денес е музички глас на дијаспората и горд претставник на македонската урбана сцена на Балканот и пошироко.

Ген се преселува во Берн, Швајцарија на само 13 години, но љубовта кон музиката ја носи со себе. Во меѓувреме дипломира медицински науки, но микрофонот никогаш не го остава. Првата песна ја напишал уште како дете, а денес стои рамо до рамо со имиња како The Game, Friz, Igor Buzov и Pastor. Од домашната сцена, неговиот прв пробив започнува со имиња како Ago DNS и Sigi, а денес е првиот и единствен Македонец со договор под етикетата Imperia – една од најмоќните издавачки куќи на Балканот.

Неговиот најнов сингл, „Ледна“, е соработка со младата вокална надеж Каролин. Песната прерасна од соло бројка во хипнотизирачка дуетна балада, и претставува само најава на тоа што следи. Ген моментално работи на својот нов студиски албум „Adventus“, кој ќе биде проследен со видеоспотови и турнеја низ најголемите европски градови.

„Иако сум далеку, секогаш ја носам Македонија со себе. Посебно мојата Струмица. Настапот таму би бил мојот најемотивен концерт досега“, вели Ген со искрена насмевка.

Share
Scroll to Top