(Видео) Роналдо ја нарече Џорџина своја сопруга, фановите мислат дека се во брак

(Видео) Роналдо ја нарече Џорџина своја сопруга, фановите мислат дека се во брак

пред 2 месеци

39-годишниот фудбалер Кристијано Роналдо отвори канал на YouTube наречен УР. Ова е новиот начин на кој португалската ѕвезда сака да се доближи до своите фанови кои бројат околу 900 милиони на сите социјални мрежи.

За само неколку часа по лансирањето на каналот, тој достигна бројка од пет милиони претплатници. Во првиот час и половина по лансирањето, достигна еден милион претплатници, што е рекорд на YouTube. Каналот моментално има речиси 25 милиони претплатници.

Во новото видео, Роналдо ја нарече сопруга, својата партнерка Џорџина Родригез, со која е во врска од 2016 година и со која има деца добиени преку сурогат мајка, пишува Дејли мејл.

Исто така, многумина веруваат дека парот носел бурми, што ги натера фановите да помислат дека Роналдо и Родригез можеби се венчани.

Share
Scroll to Top