Пејачот Сашко Андриески, познат како Сале-Рокер, за 2 август објави нова песна, „Македонија“. Станува збор за рокерска, патриотска песна, чиј автор е Сале. Текстот е на Огнен Неделковски, а композитори се Бојан Станимировиќ од „Амадеус бенд” и Алек Петковски.
Песната ја работеа во студиото City sound, во продукција на Љупчо Соколовски, а спотот го снимаа на неколку места низ земјава. Во продукцијата помогнаа и куќите, „Куба видео” и „ДРД медиа”.
„Не случајно го одбравме 2. август. Станува збор за голем македонски национален празник, а песната ја посветивме токму на нашата земја Македонија. Може да се насетат националните чувства, патриотскиот набој и родољубиви емоции кон единствената татковина“, рече Сале.
За потсетување, македонскиот рокер и менаџер претходно објави песна, „Пандемија“ инспирирана од пандемијата со коронавирусот. Сале во јавноста е познат како човек кој работи и соработува со големи музички имиња од регионот, па имаше дует со Бора Чорба, соработуваше со Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ и Ален Исламовиќ.