(Видео) Се вакцинираше пештерскиот човек од Пирот: Тука има минерална вода и доаѓаат луѓе да се лечат, па се плашам да не ме заразат

(Видео) Се вакцинираше пештерскиот човек од Пирот: Тука има минерална вода и доаѓаат луѓе да се лечат, па се плашам да не ме заразат

пред 3 години

Пештерскиот човек Панта Петровиќ, познат и како српскиот Робинзон Крусо, ја прими првата доза на вакцина против коронавирус.

Тој веќе 17 годни живее во пештера која се наоѓа на пет километри од Пирот, во подножјето на Стара планина, каде нема ни струја ни вода, али како вели самиот, не му се ни потребни.

„Оваа слобода што ја имам, за пари не можете да ја купите. Кога сум гладен, ќе дојдам на реката, ќе уловам пет, шест риби и ќе ги изедам. Има природа, печурки се што ми е потребно“, вели тој.

Иако живее како пештерски човек, тој успеал да дознае многу работи за значењето на имунизацијата и одлучил да се вакцинира во амбуланта на Старата планина.

„Многу луѓе минуваат тука, има минерална вода и таму се лечат. Се плашам случајно и мене да не ме заразат и затоа сакав да се вакцинирам “, вели Панта.

Освен што се грижи за своето здравје, тој успеал да наговори уште неколку свои пријатели да го направат истото и тие да се вакцинираат. Тој апелираше сите да го сторат тоа, затоа што болеста не избира кого ќе нападне.

Тој вели дека решил да се вакцинира затоа што ако короната дошла во градот и дека само прашање на време е кога таа ќе ги нападне и луѓето од неговото село.

„Подобро да се вакцинираме, бидејќи и така останавме малкумина во селото“, вели Петровиќ, кој откако ја примил првата доза, очекува повик и за втората.

„Сите мои другари и пријатели се вакцинираа. Јас не размислував многу и апелирам сите да го следат мојот пример. Особено луѓето од селото. Ние сме најзагрозени. Короната лесно може да дојде од град во село, во шума каде има луѓе“, вели тој.

Тој се преселил во пештерата во живописниот кањон на реката Градашничка, затоа што сакал да ја има слободата и вели дека не се покајал за неговата одлука. Тој е познат како одличен мајстор. Има направено три мостови за Пироќани, а направил и еден вид гондола. Се на негова сметка.

„Ја нарекувам „Пантино гнездо“ и уживам во неа, понекогаш знам и да одморам тука. На моја сметка, изградив три моста, еден во градот, еден тука во кањонот на реката Градашничка и еден во близина на водопадот кон Књажевац. Најголемиот мост што го изградив беше долг 20 метри и тежеше пет тони. Сите три моста им ги дадов на користење на моите сограѓани. Направив и гондола – „Пантино гњездо“ каде што сакам да уживам во возењето, црцорењето на птиците, шумата на реката. Гондолата е на висина од околу 40 метри“, рекол Петровиќ.

Иако живее во пештера жените го обожаваат. Тој е омилен кај нив и вели дека и самиот не знае колку деца има.

„Бог рече да се множиме и Паки го стори тоа. Се вели дека јас ги бркам жените, меѓутоа, тие ме бркаат мене, и треба да ги прашате зошто е тоа така. Не знам колку деца имам, ги имам во странство и овде“, рекол Петровиќ.

Панта не се плаши од волците кои знаат да поминат покрај патеката каде се наоѓа неговата пештера. Од таму вели дека тие се упатуваат кон Стара планина.

„Минуваат ноќе и ги слушам како се огласуваат. Ги поздравувам на свој начин и им давам до знаење дека тука има луѓе. После тоа, тие само го продолжуваат патот кон планината“, вели Петровиќ.

Share
Scroll to Top