(Видео) Слатки и солени кнедли со гриз

(Видео) Слатки и солени кнедли со гриз

пред 4 години

Кога сакаме нешто брзо и вкусно, рецептот за кнедли од гриз е одлична препорака. Најдоброто нешто во врска со овој рецепт е тоа што можеме да избереме солена или слатка варијанта. Или и двете.

Состојки:

  • 100 гр гриз
  • 100 гр брашно
  • 1/2 лажиче прашок за пециво
  • 350 мл. вода
  • 50 мл масло
  • замрзнати јагоди или свежи
  • презла
  • За солената варијанта: сирење

Подготовка:

Кога водата ќе зоврие, се додава маслото, брашното измешано со гризот и прашокот за пециво. Се мешаат добро и се остава да олади малку.

Се вади се рашируваат топчињата на дланка, се ставаат јагоди и се прават топчиња.

Се готви во вода околу 10 минути додека не испливаат на површината. Се тркалаат во пржени презла.

По желба се посипува со шеќер и ванилин шеќер.

Share
Scroll to Top