На плоштадот Магнолија вчеравечер ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула во македонската ракометна Суперлига. По 18 години ракометниот клуб го врати пехарот во Битола. Ова е седма титула во историјата на клубот.
На плоштатад се собраа голем број навивачи на клубот и љубители на спортот и славеа со „Ако одам во Битола“. На плоштадот била поставена и бина на која беа сите ракометари од клубот, а со нив пееше и битолчанецот Димитар Андоновски.
Еурофарм Пелистер го победи ГРК Тиквеш со 35:26 на домашен терен.
Пред натпреварот навивачите во салата „Боро Чурлевски“ ја поздравија последната генерација со која клубот од Битола беше шампион на Македонија од сезоната 2004/2005.
Следната натпреварувачка сезона 2023/2024 Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија во ЕХФ Лигата на шампионите.