(Видео) Средношколец без нозе игра кошарка: еднакво сум добар како и другите

(Видео) Средношколец без нозе игра кошарка: еднакво сум добар како и другите

пред 2 години

Американскиот средношколец од Кентаки, Џози Џонсон, иако е со тежок инвалидитет игра кошарка како и сите неговите школски другари. Стана првиот кој игра без нозе и вели дека тоа му е најголемиот мотив.

„Ова е нешто што едноставно морам да го работам. Не сакам некој да ме спречи само затоа што немам нозе. Сакам на сите да им покажам дека сум човек како и сите и дека сум приближно, а можеби и подобар од нив“, рече Џонсон.

Голем е љубител на кошарката и целиот живот се обидувал да го оствари својот најголем потенцијал. На крајот вели дека наградата стигнала. Сега е светска сензација, а неговите блиски и пријатели се надеваат и веруваат дека може да направи и чекор понапред во неговата кариера.

Случаите како него, кошаркари без раце и ММА борци без нозе се мотивација за многумина да ги остварат своите сништа.

Share
Scroll to Top