Тим на научнците велат дека можеби ги знаат причините поради кои во декември минатата година, беше срушен радио телескопот во Аресибо, опсерваторија во Порторико, која е позната и како телескоп за лов на вонземјани.
Овој телескоп е познат од филмовите „Контакт“ и „Голдфингер“. Сега два тима на научници водат истрага за да ги откријат причините за неговото рушење.
Едниот тим е фокусиран на испитување на 12 помоши кабли, кои заедно со уште 24 главни кабли, ја држеле конструкцијата тешка 900 тони, над големото огледало.
Тие 12 помошни кабли, се додадени на конструкцијата во деведесетите години, кога е инсталирани нови масовни висечки кабли.
Прв кој попуштил, бил еден од тие 12 кабли, така што испаднал од лежиштето на едната од трите кули на кои конструкцијата била закачена. Потоа почнале да попуштаат и другите кабли, за да на крајот целата конструкција се сруши.
„Прелиминарната истрага открила дека постои фабричка грешка во тие кабли. Исто така процедурата на поврзување не е направена како што треба. Тоа довело до пропаѓање на структурните елементи. Но, конечниот извештај допрва трба да биде завршен“, изјавил Франциско Кордова, директорот на опсерваторијата, пренесува порталот „Спејс“.
Другата истрага фокусирана на главните кабли, биле поставени за време на изградбата на телескопот во шеесетите години од 20. век. Еден од тие кабли почнал да пука во ноември, иако експертите утврдиле дека неговото оптеретување е 60% од можната носивост.
Кордова додава дека се анализираат и други фактори кои можат да влијаат на стабилноста на телескопот, како што се староста, но и ураганите и земјотресите кои ја погодуваат околината. Во овој дел на Порторико, забележани се дури 10.000 земјотреси од изградбата на опсерваторијата.
„Фактички, ние се тресеме постојано. Тоа секако може да биде важен фактор за рушењето на телескопот и експертите ја разгледуваат и таа можност“, изјавила Кордова.
Тој додал дека во тек е расчистување на рушевините и дека веќе се отстранети елементите како што е раката која ги насочувала инструментите, како и висечката купола на која биле антените и радарскиот предавател.
Демонтирана е и чинијата на телескопот, која била долга 305 метри, а експертите проценуваат дека од неа може да бидат сочувани многу работи. Опсерваторијата Аресибо инаку е во сопственост на американската Национална научна фондација.