(Видео) Фабрика во Небраска со години ги труела луѓето со пестицид: Жители од мал град во Америка, стравуваат од последиците од изливањето на хемикалии во нивната вода и земја

(Видео) Фабрика во Небраска со години ги труела луѓето со пестицид: Жители од мал град во Америка, стравуваат од последиците од изливањето на хемикалии во нивната вода и земја

пред 3 години

Со години жителите од градот Мида, во Небраска, се бунеле против фабриката за етанол, која пред повеќе од една деценија била преселена во нивниот мал град. Тие се плашеле поради смрдеата и појавата на болестите за кои мислеле дека се поврзани со фабриката.

На крајот се покажало дека биле во право. Регулаторните тела признале дека фабриката за етанол AltEnLLC со години ја загадувала околината со пестицид, кој истекнувал од лошо одржуваните базени и кој истекувал во земјата.

Фабриката на локалните фармери им продавала и отпад, за кој ги лажеле дека ќе им го направи земјиштето поплодно. Под притисок на медиумите и јавноста, официјалните лица во Небраска, ја затвориле фабриката и почнале со чистење на теренот.

Државното обвинителство ја тужело компанијата за загадување на природната средина и закана по околината, а минатиот месец во Небраска бил донесен и закон со кој се ограничува употребата на пестициди од третирано семе во производство на етанол.

Иако голем број од жителите на Мида биле пресреќни поради затворањето на фабриката, сепак, за нив сега е предоцна, пишуваат медиумите. Загаденоста и отровите нема тукутака да исчезнат, како ни индустриските земјоделски практики.

Сега се стравува дека отровите од фабриката би можеле да ги загрозат и другите заедници. Рибата во реките со километри оддалечени од фабриката умираат. Колнии пчели исчезнуваат. Птиците, особено гуските, се разболуваат, а имало извештаи и за дезоирентирани птици и необјасниви болести кои се појавувале кај луѓето.

Пестицидот во повеќе наврати во поголема количина од дозволената, е пронајден на плодно земјиште како и во водата за пиење, но и во градските паркови. Керол Брад, сенаторка од Небраска, вели дека ситуацијата во Мида е тешка и побарала детална истрага за компанијата AltEnLLC.

„Ова е катастрофа“, изјавила таа за „Гардијан“.

AltEnLLC себе си се претставила како решение за земјоделските компании кои сакаат да се решат од непосакуваните залихи на семе, кое се третирани со пестицид. „Бајер“, „Сингета“, „Кортева“ и други големи компании веднаш воодушевено прифатиле да соработуваат со AltEnLLC.

Сега сите тие компании активно учествуваат во чистењето на околината и прават планови како да ја исчистат водата за пиење и земјата во околината и да го сведат нивото на пестициди на релативно прифатливо ниво.

Ова не е првпат компанијата AltEnLLC, која во градот пристигнала во 2007 година, да биде поврзувана со загадување и труење на природната средина. Со години се зборува за тоа дека нивните производи се отровни и штетни по природата, а со самото тоа и по здравјето на луѓето.

По голем број медиумски извештаи оваа година, таа конечно е затворено. Додека регулаторите ја тестираат водата и земјата, голем број жители стравуваат за нивната стока и другите домашни животни, кои биле изложени на пестицидите низ храната и водата.

Се плашат и оние кои јаделе контаминирано месо. Една од тамошните жителки, Блад, која пораснала на фармата, се плаши дека ќе дојде до пораст на крацином, како што тоа било случај со жителите од местото Хејстингс, каде таа пораснала и каде исто така водата и земјата биле загадени со хемикалии.

„Вакви работи постојано се случуваат во малите градови“, изјавила таа. „Има уште градови како овој во земјата“, порачала Блад.

Share
Scroll to Top