(Видео) Француска пијанистка на 106 години го издава шестиот албум

(Видео) Француска пијанистка на 106 години го издава шестиот албум

пред 4 години

Француската пијанистка Колет Маз на 106 години се подготвува да го издаде шестиот албум. Албумот е веќе снимен и требал да се појави лани во април, но плановите ѝ се семниле заради короната.

Колет почнала да свири клавир на четири години, а музиката ѝ помогнала да остане смирена додека била затворена во станот во време на пандемијата. Оваа музичарка која живее во Париз и дома има четири клавири на кои секојдневно свири дела од омилените композитори, Шуман, Дебиси и Шопен.

„Ако престанам да творам, ќе морам со нешто да ја исполнам фантазијата, но мене ми треба нешто што можам да го напипам. Вие можеби не можете без слатки, а јас не можам без типките на клавирот, моите прсти мора да ги почувствуваат“, вели Колет.

И покрај случувањата, таа не се откажува од идејата да го изаде новиот, шести албум, на кој ќе има дела на Клод Дебиси и Ерик Сетие.

„Музиката е мојата храна, храна за духот и срцето“, вели Колет, која е родена во 1914 година во семејство од средна класа. Строгата мајка ја школувала дома, а татко ѝ бил сопственик на фабрика за арско ѓубре. Образованието го продолжила на парискиот конзерваториум Ecole Normale de Musique, а потоа ја започнала долгата кариера на корепетитор во многу париски музички школи.

Вели дека за добрата состојба и еластичност на нејзините раце и прсти се најзаслужни јогата и тоа што секојдневно вежба во својот стан.

Нејзинот син единец Фабрис Маз, роден 1949 година, во интервјуто за „Ројтерс“, вели дека неговата мајка е инспирациаја за многу луѓе, особено во време на пандемијата на коронавирусот.

„Нејзината љубов кон музиката и другите го крева моралот. Таа и во 106. година од животот е витална, во добра форма е и постојано свири. На тој начин ни порачува дека за она што го правите мора да имата страст, а истовремено мора да водите сметка за себе. Нејзината љубов кон животот и смислата за хумор на луѓете им измамува насмевки на лицата“, рекол Фабрис.

Share
Scroll to Top