Тенисерот Новак Ѓоковиќ деновиве со сопругата го посети Нови Сад. Заедно беа на концертот на Жељко Самарџиќ, а претходно беа снимени на плоштадот Слобода, каде тенисерот изненади уличен свирач.
Видеото го обајви еден случаен минувач, а веднаш се нижеа убави коментари.
„Ѓоковиќ уште еднаш го покажа вистинското лице. Иако многумина се обидоа да го оцрнат, покажа дека е голем човек и дека поседува вредности кој секој треба да ги има. Никогаш не пропушта шанса да биде добар кон другите. Ѓоковиќ има златно срце, тој е голем човек“, напишаа некои од неговите фанови.