(Видео) Јована Јоксимовиќ избрка гостин среде емисија оти го нападна Вучиќ: Срам да ви е, дајте реклами

(Видео) Јована Јоксимовиќ избрка гостин среде емисија оти го нападна Вучиќ: Срам да ви е, дајте реклами

пред 3 години

Српската водителка и уредничка Јована Јоксимовиќ, која ја води емисијата „Уранак“ на српската ТВ К1 се скара пред камери со лидерот на Движењето Ослободување Млаѓан Ѓорѓевиќ, па таа го избрка од студиото откако тој изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ е предавник. На што Јоксимовиќ рече дека „не е во ред да се зборува за човек кој не е тука.

Во емисијата покрај Ѓорѓевиќ, гостуваше и лидерот на ЛСВ, Ненад Чанак.

„Па, тој не е човек што не е тука, тој е човек во фрижидер, тој е човек во чаша, тој е во се што живееме“, одговори Ѓорѓевиќ.

„Можеби кај вас“, одговори таа.

„Не е кај вас? Како не е кај вас? Не е на оваа телевизија?“, продолжи тој кој ја запраша Јоксимовиќ дали „штотуку го купиле и добиле Танјуг“, алудирајќи на тоа дека таа е во систем кој ја уништува земјата.

„Треба да ви биде срам, сега ќе ве исфрлам. Дајте реклами“, одговори Јоксимовиќ.

Но препукувањата продолжија, па таа го запраша: „Дали добивте прилика да разговарате за некоја тема? Јас ви кажувам што е тема, да бевте љубезни ќе знаевте дека кога некој ќе ве покани на тема, се согласувате да разговарате и да зборувате за тоа. Ви кажувам, не можете за никого да зборувате дека е предавник. Крај на приказната“.

Иако Ѓорѓевиќ сакаше да продолжи да се расправа, водителката го пресече и побара реклами, велејќи дека е срамота тоа што го зборува. На што тој одговори дека „ова нема да трае вечно“.

Share
Scroll to Top