(Видео) Џанлука Ваки ѝ подари џип од 200 илјади евра за роденденот на девојката

(Видео) Џанлука Ваки ѝ подари џип од 200 илјади евра за роденденот на девојката

пред 2 години






Италијанскиот милионер Џанлука Ваки ѝ купи џип од марката „ренџ ровер“ на својата девојка Шерон Фонсека за нејзиниот 28. роденден. Џипот чини 200.000 евра, пишуваат италијанските медиуми. Тој објави видео од изненадувањето со порака „Среќен роденден љубов моја, те сакам“.

55-годишниот милионер и неговата девојка се врска околу четири години и ја имаат ќерката Блу Џерусалема Ваки, која се роди во октомври 2020 година.

Пред врската со Фонсека, Ваки во јавноста беше познат по врските за една вечер и лудите забави што ги приредува на својата јахта и дома, а од скоро секоја од тие забави објавуваше видео на кое е разголен и игра.





Share
Scroll to Top