(Видео) Џони Деп му го подари тивкиот врабец на Вучиќ, холивудскиот глумец го пречекаа илјадници фанови во Белград

(Видео) Џони Деп му го подари тивкиот врабец на Вучиќ, холивудскиот глумец го пречекаа илјадници фанови во Белград

пред 3 години

Холивудскиот глумец Џони Деп пристигна во Белград со приватен авион, каде го пречекаа многу божаватели. Меѓу нив беа и српскиот претседател Александар Вучиќ и глумецот Милош Биковиќ. Деп му даде подарок на Вучиќ, кукла од новиот анимиран филм.

По средбата тој делеше автограми и отиде да вечера во елитен ресторан во Белград. Вучиќ се пофали на социјалните мрежи со подарокот кој го доби од Деп.

„Почестен сум од посетата на Џони Деп во нашата земја. Особено сум му благодарен на прекрасниот подарок, Џони Паф – Silent Sparrow (тивкиот врабец) кој го добив“, рече Вучиќ.

Станува збор за кулкла од анимираниот лик, на кого Деп го позајмува својот глас во новиот проект на „Пафинс“. За потсетување, Деп во Србија дојде поради промоцијата на серијалот кој во моментов се емитува на  Амазон прајм и Епл ТВ.  Филмот „Пафинс“ е работен во Србија, во продукција на „Архангел“ студио на глумецот Милош Биковиќ.

Share
Scroll to Top