Видови колеги од пеколот - Reporter.mk

Видови колеги од пеколот – Reporter.mk

пред 3 години

1. Негативно настроен колега 

Добро, секому може да му се случи лош ден, но нему или нејзе скоро секој ден му е лош. Оваа личност вечно драматизира, кука, приговара, ги нервира сите оние околу неа и им го подига крвниот притисок на 200.

Овие личности ги убиваат виножитата и пеперутките. Добро, не буквално, но немојте да дозволувате туѓото лошо расположение да го уништи вашето добро. Развлечете ја најшироката насмевка која ја имате и едноставно игнорирајте ги.

2. Гласен колега

Оваа личност се однесува како да е буквално сама на светот. Се смее и урла на сиот глас и не покажува нималку разбирање за луѓето со кои ја дели работната околина. Кога навечер ќе легнете во кревет, би можеле да се заколнете дека ја слушате тука некаде.

3. Колега која сака да трачари

Кога размислувате за оваа личност, се прашувате како сѐ уште го прави тоа. Затоа што не ви е јасно како успева било што да сработи од својата работа. Имајќи предвид дека по цел ден шета по канцеларијата и грижливо собира и пренесува трачеви.

Немојте да се заморувате со оваа личност, воопшто! Само пазете што зборувате за себе и останатите. Работете ја својата работа, а исповедувањето и трачевите препуштете ги на некој друг.

4. Колега кој се мачи со немаштија

Или барем така се чини. Тој или таа вечно зајмуваат пари, ја јадат вашата храна, бараат разноразни услуги, а никогаш не добивате ни обично благодарам. Добро, веројатно добивате по некое пропратно благодарам или заблагодарување дека сте ја спасиле, но сеедно!

Постои граница помеѓу добрината и наивноста. Не морате да бидете кучка која не би ѝ помогнала ни на родената мајка, но немојте никому да дозволувате да ја злоупотребува вашето големо срце.

5. Личноста за која знаете сѐ

Работете заедно веќе некое време, но уште во првите денови, дознавте сѐ за неговиот/нејзиниот љубовен живот, секс, деца, проблеми со хемороиди и месечниот циклус. Е па тоа е премногу!

Кога се затекнавте сред некои нови исповеди, едноставно повлечете се и извинете се. Кажете дека морате да завршите некоја работа што сте ја започнале, или дека морате во тоалет, или било што ќе ви падне на памет. Не морате да го слушате сето тоа, навистина.

Share
Scroll to Top