Победник на 19-тото издание на Скопскиот маратон на кој настапија повеќе од 11.000 учесници е Виктор Киплагат од Кенија. На второ место е неговиот сонародник Чериот Лабан, а третото место го освои Дарио Ивановски од Македонија. Во женска конкуренција најдобра беше Рут Матебо од Кенија, пред Мерси Кипкемои и Марија Врајиќ.
Град Скопје беше домаќин по 19 пат на Скопскиот маратон, една од омилените спортски манифестации. Над 11 илјади учесници од 53 држави вчера го трчаа скопскиот маратон, кој веќе со години е традиција.