Вистинско музичко цунами на Јелена Розга во Скопје

Вистинско музичко цунами на Јелена Розга во Скопје

пред 8 месеци

Сабота 10 февруари е датумот и денот резервиран за најголемиот аудиовизуелен настан во месецот на љубовта и виното – концертот на најголемата музичка ѕвезда во регионот Јелена Розга.

Концертот е во склоп на турнејата „Минут срца мог“ на Розга во чии рамки веќе имаше неколку спектакуларни гостувања во регионот. Дека хрватската поп ѕвезда ќе биде во сосема поразлично издание,  за речиси секоја нумера има посебна кореографија, потоа секоја песна има своја анимација и специјални ефекти, и тоа почнувајќи од ласери до пиротехника.

Бината е уникатна и по обликот и по големината, а посебните писти што влегуваат во партерот нудат уникатна можност оние за оние кои ќе бидат во првите редови. Јелена Розга, миленичката на сите генерации на сцената во „Борис Трајковски“, во сабота, ќе ги отпее своите најголеми хитови, но и песните кои го одбележаа времето кога беше дел од групата Магазин, каде и ја започна кариерата.

Share
Scroll to Top