Влечките на Черчил продадени за 32.000 фунти

Влечките на Черчил продадени за 32.000 фунти

пред 4 години

Влечките кои, своевремено, ги носел поранешниот британски премиер Винстон Черчил се продадени на наддавање во аукциската куќа „Белманс“ во Лондон, за 32.000 фунти.

Станува збор за темносини сомотски влечки од 50-те години на минатиот век.

Првично било проценето дека ќе достигнат цена меѓу 10.000 и 15.000 фунти, но цената скокнала за повеќе од двојно, поради многуте понуди кои доаѓале од Велика Британија и САД.

На крајот, победник бил купувач од Велика Британија, кој сакал да остане анонимен, соопшти портпаролот на аукциската куќа „Белманс“.

На истото наддавање е продадена и чашата за коњак од која пиел Черчил, од почетокот на 1960-тите години, за 15.000 фунти, што исто така е повеќекратно повеќе од претпоставената вредност. И во овој случај новиот сопственик е од Велика Британија.

Семејството на Черчил двата предмета ги продаде преку аукциската куќа Sotheby’s во јули 1998 година, кога ги купи сегашниот продавач.

Винстон Черчил е легендарниот британски воен премиер, а должноста ја извршувал и во еден повоен мандат. Почина во 1965 година, на 90-годишна возраст.

Share
Scroll to Top