Во брак мора да има компромиси, а жената најчесто ја витка кичмата и кога не сака, Јелена Карлеуша првпат прозборе за разводот

Во брак мора да има компромиси, а жената најчесто ја витка кичмата и кога не сака, Јелена Карлеуша првпат прозборе за разводот

пред 2 години

Српската пејачка Јелена Карлеуша за прв пат даде интервју за српските медиуми откако јавно објави дека по 14 години брак се разведува од нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.

Пејачката на Инстаграм објави дека таа и Душко се договориле старателството над ќерките да го има таа, а заедничкиот имот го поделиле. Јелена со нејзините ќерки ќе продолжи да живее заедно во штотуку реновирана куќа на Кошутњак.

Таа во интервју за „Hello“ раскажала дека најубавиот дел од куќата е огромната тераса која гледала кон градината, базенот и зајдисонцето. А за внатрешноста вели корисистела пастелни бои.

„Куќата е огромна и секој има свој кат. Неодамна избројав дека имаме десет бањи затоа што не влегувам во повеќето од нив. Мојата оаза е специјално дизајнирана гардероба од 250 метри квадратни, во која има и сауна, бања, простор за одмор, перална, апартман за вработени. Според моите желби и дизајни, направив дел кој ми е важен и за работа и за лично задоволство. Просторот има соодветна светлина, огледала, паметно и функционално дизајнирано складиште за моите петстотини пара чевли, чанти, гардероба“, раскажала пејачката.

Карлеуша рече дека во моментов работи на финализирање на нејзиниот нов албум, а откри и дека ќе најде време да замине на одмор како дестинации Карлеуша ги споменала Турција и Италија.

„За мене по толку долга кариера тоа е сосема нормална работа. Но, мислам дека моето најдобро допрва доаѓа. Сè уште не го постигнав она што си го ветив – дека моите песни ќе се слушаат ширум светот, надвор од границите на нашето говорно подрачје. Што се однесува до модното изразување, одамна успеав да се прославам на глобално ниво, што ќе ми помогне со новиот албум“, рекла Карлеуша.

Таа вели дека жената е столбот и кичмата на секое семејство. Па и затоа вели таа се борев.

„Имам силен рбет. Јас не сум од оние кои ги креваат рацете и се откажуваат. Не сум и од оние кои се помируваат со неуспехот. Тоа е најдобра карактерна особина, но воедно и проклетство“, вели пејачката.

За компромисите во бракот пејачката вели во долг брак мора да има многу компромиси и на таа жена многу и се витка кичмата и кога не сака.

 

Share
Scroll to Top