Во Загреб дојде со една торба, сега е во Алејата на великаните: Комеморација за Аки Рахимовски

Во Загреб дојде со една торба, сега е во Алејата на великаните: Комеморација за Аки Рахимовски

пред 2 години

„Во Загреб нема кварт каде Аки не беше во  некој изнајмен стан, се дружеше во секој кварт. Притигна на станица со една торба и сега почива во Алејата на великаните во Загреб“, рекоа  неговите пријатели и колеги.

„Оние кои добро го познаваа велат дека тој е веројатно најдобриот човек што некогаш го запознале“, изјави Никша Братош.

На комеморацијата присуствуваше и Дино Јелушиќ, тој се потпиша во книгата на жалост, а потоа кажа неколку убави зборови за Аки.

„Тој го ширеше позитивна енергија. Денеска за жал се збогуваме со голем пејач и голем човек. Ги  раскажа нашите животни приказни и се надевам дека барем во следните 500 години ќе се појави некој од 75 килограми кој ќе знае да ги пренесе работите како него“, рече Дино.

На комеморацијата дојде и долгогодишниот пријател и соработник на Аки, Хусеин Хасанефендиќ Хус, кој со емотивни зборови се прости од музичарот.

„Многу често беше камче во мојот чевел, многу од моите брчки се поради него, но многу поголем дел од тоа беше што ми ги исполни душата и срцето“, рече Хус.

„Судбина на ваквите ѕвезди е што тие си одат во мегаексплозии. Кој можеше да го замисли како старец на клупа“, додаде тој. По неговиот говор беше објавено видео од еден од концертите на „Парни ваљак“ на кој Аки ја пее песната „Љубавна“.

Аки Рахимовски почина во сабота (22 јануари) на 67-годишна возраст.

Со звуците на „Зошто си ме мајко родила“, Аки Рахимовски беше испратен во Загреб, речиси сите колеги од Хрватска дојдоа да му оддадат почит

 

 

Share
Scroll to Top