Во Ниш е уапсен актерот Драган Бјелогрлиќ

Во Ниш е уапсен актерот Драган Бјелогрлиќ

пред 5 години

Глумецот Драган Бјелогрлиќ е приведен во полициска станица во Ниш, под сомнение дека рано утринава околу 4 часот, од зад грб го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ и го удрил повеќе пати во главата.

Антонијевиќ на лицето имал видливи повреди, а според „Блиц“, Бјелогрлиќ во полиција треба да даде изјава за настанот.

„Бјелогрлиќ се залета во хотелот и го удри во глава Антонијевиќ“, тврди извор за „Блиц.рс“.

Предраг Антонијевиќ е автор на филмот „Дара од Јасеновац“ и пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека на почеток од 2016 година му нудел мито за да поддржи еден негов филм. Режисерот во јавноста ја објавил преписката со актерот, во која Бјелогрлиќ му вели дека „може да заработи и1 00.000“. Во преписката Антонијевиќ ја одбил неговата понуда.

Бјелогрлиќ ги демантираше овие обвинувања и тврдеше дека преписката е лажирана.

Share
Scroll to Top