Во новиот музеј во Ротердам изложени се 151.000 дела и предмети во 5 климатски зони

Во новиот музеј во Ротердам изложени се 151.000 дела и предмети во 5 климатски зони

пред 3 години

Градот Ротердам постави нов глобален тренд со изградата на новата зграда на музеј-складиште во кој се изложени 151.000 дела и предмети во пет климатски зони. „Бојмас фан Бојнинхен“ е музеј на иднината и во него е сместено целото уметничко богатство на 2 холандски колекционери.

Во него има повеќе од 63.000 слики, скулптури, фотографии, филмови, инсталации и прединдустриски и дизајнерски предмети, како и 88.000 цртежи и принтови.

„Ќе одите низ колекцијата како кога отиде во библиотека барајќи една книга, а наоѓате три. ‘Бојманс‘ поставува глобален тренд. И други престижни музеи планираат своја верзија на складиште“, вели Сјарел Екс, еден од директорите на музејот.

 

Share
Scroll to Top