Во Скопје ќе се одржи четвртиот напревар во брзо местење на Рубикова коцка

Во Скопје ќе се одржи четвртиот напревар во брзо местење на Рубикова коцка

пред 3 години

Следниот месец Скопје ќе биде домаќин на натпревар во брзо местење на рубикова коцка. Настанот наречен Cubing Returns Skopje 2021 ќе се одржи во просториите на „Сопро“ на плоштад Македонија на 21 и 22 август, а бројот на учесници ќе биде ограничен на 40. Пријавувањето ќе биде отворено од 31 јули, а цената за регистрација чини 300 денари.

Натпреварот го организира Македонската кјубинг асоцијација, а е поддржан од Светската кјубинг асоцијација. И воедно претставува четврт натпревар од овој карактер.

Македонските кјубери неодамна настапија на балкански натпревар во Белград, каде Ѓорѓи Чешмеџиевски успеа да сруши 13 национални рекорди за време на натпреварот во Белград. Чешмеџиевски води македонски рекорд во местење Рубикова коцка за 6.81 секунди. Тој исто така освои 2 златни медали и 3 бронзени медали – во конкуренција со едни од најдобрите кјубери во Европа и светски рекордери

На истиот напревар, Александар Арсовски постави нов македонски рекорд во решавање без гледање, којшто исто така го освои второто место во Back To Belgrade 2021 во решавање без гледање.

Share
Scroll to Top