Нова трагедија ја потресе спортската јавност, откако на 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел Скопје, Марко Божиновски.
Според првичните информации, на Божиновски му откажало срцето.
Кариерата ја почна во Металург, а во Бутел Скопје почна да игра пред две сезони. Зад името на Божиновски стоеаја настапи во кадетската репрезентација.
Пред неполна недела на 24 години почина голманот на РК Охрид, Никола Даниловски-Џамбо.