Возот Истанбул - Софија помеѓу најдобрите предлози за патувања во 2023 година според „Лонли планет“

Возот Истанбул – Софија помеѓу најдобрите предлози за патувања во 2023 година според „Лонли планет“

пред 2 години

Патување со воз од Истанбул до Софија е меѓу дестинациите и искуствата што ги препорачува сајтот „Лонли планет“ кој традиционално ги избира најдобрите места што треба да се посетат следната година. Оваа година сајтот направи пет категории со 30 дестинации.

„Оваа година сакавме да пробаме нешто ново и да го одразиме начинот на кој луѓето гледаат на патувањата, што не е само дестинација, туку и искуство“, изјави главната уредничка на „Лонли планет“, Нитја Чемберс.

Помеѓу предлозите се и патување во канадската покраина Нова Шкотска, Бутан, Западна Австралија, Замбија и националните природни паркови во Колумбија, кои ги има дури 59.

За најдобри кулинарски дестинации во 2023 се избрани Умбрија во Италија, Куала Лумпур во Малезија, Фукуока од Јапонија, Лима од Перу, Јужна Африка и Монтевидео во Уругвај.

Албанија е една од најдобрите дестинации во категоријата поврзаност, покрај Алјаска, Акра (Гана), Сиднеј (Австралија), Гвајана и Бојси (Ајдахо, САД).

Најдобри дестинации за опуштање се Халкидики, Јамајка, Доминика, Раџа Ампат (Индонезија), Малта и Јордан, а за учење Манчестер, Ново Мексико, Дрезден, Ел Салвадор, Јужна Шкотска и Марсеј.

Share
Scroll to Top