Пол Елкинс направил мини куќа која тежи само 27 килограми и ја влече со својот велосипед. Пол Елкинс отсекогаш мечтаел за слободен минималистички живот, посебно додека е на годишен одмор. Но, класичен шатор за кампување не му звучел како добра идеја и сакал нешто поинакво.
На интернет пронашол упатства и нацрт како да изгради минијатурна куќичка која може да ја влече со велосипед. Упатствата ги платил околу 15 евра, а останатото го потрошил на материјал. Куќичката на чинела околу 115 евра и Пол бил презадоволен од резултатот.
Во неа има кревет, прозорец, минијатурна кујна, фрижидер и светло за вечерно читање. Има и ормари за храна и други потрепштини. Има и звучници, бидејќи Пол не сака да користи слушалки. Направил вентилација за секогаш да влегува свеж воздух додека престојува во куќичката.
Вели дека ова е совршено решение за луѓе кои сакаат кампување и велосипедизам, но не сакаат секој ден да поставуваат шатор и да спијат на земја