(Галерија) „Диор“ модната недела во Париз ја замени со дигитална модна ревија

(Галерија) „Диор“ модната недела во Париз ја замени со дигитална модна ревија

пред 3 години

Новата колекција на „Кристијан Диор“, за сезоната пролет/лето 2021, е во знакот на симболичната магија и плуралистичката убавина на тарот картите.

Во еден чуден филм, сместен во замок во стилот на бајките, дизајнерката на Диор, Марија Грација Кјури  ја презентираше новата колекција „Висока мода пролет/лето 2021“.

Раскошни златни фустани украсени со хороскопски знаци и симболи од тарот карти внесоа мистика во креациите.

Инспирирана од магичниот свет на таротот, колекцијата ја искажува страста која Кристијан Диор ја имал, уште од Втората светска војна, кон уметноста на претскажувањето на иднината и знаците на судбината.

    

“Пророштвото ќе се оствари, ќе биде сосема невообичаено, нашата куќа ќе направи модна револуција” – рече Мариа Грација Кјури, и додаде дека сакала да ја истражи магијата и утехата што таротот картите може да ја понудат во годината со пандемија, што ги уништи животите и индустриите на глобално ниво.„Може да ви помогне да не се плашите од нешто што не го знаете, нешто несигурно“, додаде таа.

Годинава на модната недела во Париз, „Диор“, како и „Шанел“  и другите модни куќи, пистата ја заменија со дигитални ревии, со што се избегнаа вообичостанатите турканици и барање помани.

Картите често се користат за претскажување на среќа,  тоа е и темата истражена во филмот „Диор“, во режија на италијанецот, Матео Гароне и во колекцијата на оваа модна куќа, прикажани во видеото и фотографиите во продолжение.

    

   

         

   

   

   

   

   

 

   

   

   

   

   

 

Share
Scroll to Top