Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ и неговата сопруга, архитектката Душица Андоновска, вчера вторпат правеа свадба во Мостар. Откако пред една година склучија граѓански брак и направија мала журка со најблиските, тие сега се венчаа во црква и имаа голема забава со семејствата, многу пријатели и соработници.
Душица, која лани носеше краток фустан, овој пат избра долг елегантен фустан со вел. Поранешниот ракометар на Вардар сега облече класичен костум со чевли, наместо со патики како што направи лани.
По црковната венчавка, веселбата продолжи во познат хотел во Мостар, под отворено небо. Гостите ги пречекаа младенците со балони, огномет и аплауз. Потоа се забавуваа до доцна во ноќта, а додека траеше журката објавија и по некоја фотка. Меѓу гостите имаше и спортисти, пријатели на Игор, кои дојдоа од цела Европа.
Дека ќе има две свадби, Душица откри лани за „Репортер“. Во разговорот ни кажа дека избрале да се венчаат во Мостар оти Игор е од таму, а и повеќето гости ќе бидат од Босна и Хрватска, па им било полесно за организација. Тогаш ни ја раскажа и нивната љубовна приказна која почна во Скопје, во времето кога Карачиќ играше за „Вардар“. Пред да се заљубат, биле другари и секојдневно се дружеле, а дури потоа им се случила љубов.
„Не очекував дека среде пандемија Игор ќе ме побара за жена“, рече тогаш Душица.
(Галерија) Во костим и патики се ожени Игор Карачиќ, невестата избра секси венчаница