(Галерија) Ким Кардашијан и организираше луксузно кампување на ќерката Норт за роденденот

(Галерија) Ким Кардашијан и организираше луксузно кампување на ќерката Норт за роденденот

пред 2 години

Норт Вест најстарата ќерка на Ким Кардашијан која ја има со раперот Канје Вест наполни девет години. Ким за нејзиниот роденден се погрижила и ѝ организирала нетипична роденденска забава.

Таа организираше тематски роденден со луксузно роденденско кампување насловено „Камп Норт“. Кампувањето вклучуваше приватен авион за да ги однесе Норт и нејзините другарки на планина.

Норт и нејзиното друштво имале активности во текот на денот, како планинарење, водни спортови и зип–лајнинг, а навечер спиеле во кревети кои биле дизајнирани да изгледаат како индивидуални шатори.

Ким Кардашијан со нејзиниот бивши сопруг Канје Вест имаат четири деца, 9-годишната Норт, 6-годишниот Сеинт, 4-годишната Чикаго и 3-годишниот Псалм.

Share
Scroll to Top