(Галерија) Мет гала 2021: Најдобрите, најлошите и најоткачените комбинации на црвениот тепих во Њујорк

(Галерија) Мет гала 2021: Најдобрите, најлошите и најоткачените комбинации на црвениот тепих во Њујорк

пред 3 години

По пауза од година дена, познатите повторно се собраа во Њујорк на црвениот тепих на гламурозната МЕТ гала.

Ким Кардашијан се покри од глава до пети во црнило, Џенифер Лопез шармираше во вестерн креација од Ралф Лорен, додека Били Ајлиш изненади со раскошно и гламурозно издание со потписот на Оскар де ла Рента.

Ковид пандемијата не ги спречи познатите имиња од светот на шоу бизнисот да бидат дел од најпрестижниот моден настан на годината. Сепак, оние кои сакаа да учествуваат на манифестација, мораа да приложат доказ дека се вакцинирани.

Ѕвездите од А-листата излегоа со смели, убави, но имаше и бизарни изгледи додека се забавуваа на црвениот тепих пред Музејот на уметноста ,,Метрополитен”. Темата на годинешната МЕТ гала беше ,,Во Америка: Лексикон на модата”.

Фото: Вог

 

Share
Scroll to Top