(Галерија) Минијатурна златна Библија од 15. век пронајдена во Јорк

(Галерија) Минијатурна златна Библија од 15. век пронајдена во Јорк

пред 3 години

Минијатурна златна Библија од 15. век е пронајдена во Јорк, во близина на имотот кој некогаш му припаѓал на Ричард Трети (1483-1485). Експертите претпоставуваат дека најверојатно им припаѓала на негови роднини или на неговата сопруга Ана Невил. Минијатурната Библија ја пронајде медицинската сестра Бафи Бејли од Ланкастер, додека со помош на детектор за метал со сопругот Ијан пребарувале земјоделско земјиште.

Предметот стар 600 години и долг 1,5 сантиметри вреди повеќе од 100.000 фунти. Минијатурната Библија тежи само 5 грама, а е изработена од 22 или 24 каратно злато. Бејли на новинарите им рекла дека таа и сопругот за истражување го одбрале Јорк бидејќи им е добро позната богатата историја на тој дел од Англија. За тоа добиле дозвола од сопственикот на земјиштето.

„Ископав некои 13 сантиметри и открив златен предмет. Во тој момент не мислев дека станува збор за нешто толку посебно. Го сфатив тоа дури откако убаво го исчистив. Тежок и прекрасен предмет, неверојатно убав и веројатно златен“, си помислив.

На Библијата се изрезбани ликовите на Свети Леонардо и Света Маргарет, заштитници на породувањето. Таа веројатно била користена како предмет кој сопственичката ја штител за време на бременост или породување.

 

Џулијан Иан Харт, уредник на списанието „Лов на богатство“, рекол дека пронајдената Библија е единствен историски артефакт од овој вид.

Share
Scroll to Top