(Галерија) Модната класика победи на црвениот тепих, дамите избраа црно за филмскиот фестивал во Берлин

(Галерија) Модната класика победи на црвениот тепих, дамите избраа црно за филмскиот фестивал во Берлин

пред 2 години

По две години пауза, светските глумици повторно прошетаа по црвениот тепих во Берлин, каде започна 73. издание на познатиот филмски фестивал Берлинале. Годинава отворањето мина во црните креации. Речиси сите дами кои се појавиja на црвениот тепих носеле монохроматски тоалети во црна боја.

Највпечатливи беа актерките Ен Хатавеј, која глуми во филмот со кој е отворено Берлиналето, „Таа дојде кај мене“, и Кристен Стјуарт, која годинава е претседател на жирито.

Интересно е што Берлинскиот филмски фестивал имал „повеќе моден вкус“ отколку другите филмски настани минатата година. Имало и високи шлицеви и необични дизајни и текстури, но сето тоа било умерено и со стил. Впечатлив беше и говорот на Стјуарт.

„Филмовите никогаш нема да исчезнат“ рече таа на отворањето.

Отворање  беше одбележано од уметност, но и од политика. По настапот на Шон Пен, во живо се вклучи и украинскиот претседател Зеленски повикувајќи ги уметниците да се кренат против Русија и инвазијата, забележувајќи дека културата зазема страна и кога не реагира.

За потсетување, фестивалот започна од 16.02 и ќе трае до 26.02, во Берлин. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 25 февруари. 

Share
Scroll to Top